Компотот со суво овошје е десерт без кој не може да го замислиме Бадник. И не само тоа, неговиот опоен мирис на јаболка, кајсии, сливи, цимет и каранфилче ја дополнува празничната атмосфера.




Овој компот вака приготвен од овие состојки помага побрзо и полесно да ја обработиме внесената храна.
Потребни состојки:
- 200 г суви сливи
- 100 г сушени парчиња јаболка
- 100 г суви кајсии
- 100 г суво грозје
- 100г суви смокви
- 5-6 каранфилчиња
- 1 портокал
- 2 стапчиња цимет
- 1-2 парчиња ѕвездест анасон
- 2 литри вода
- мед – по вкус




Начин на подготовка:
Измијте го овошјето и ставете го во тенџере. Додајте ладна вода заедно со зачините и ставете на оган да се вари.




Почекајте содржината да зоврие, намалувајќи ја температурата и гответе на тивок оган околу 20-25 минути, но не претерувајте за овошјето да ја задржи својата убава форма.




Потоа додадете портокали исечени на подебели парчиња. Тргнете го компотот од оган за да се излади.
Кога компотот ќе достигне собна температура, засладете со мед по желба.
Послужете го компотот со суво овошје на собна температура или изладен.




На здравје!