Лесно, брзо, едноставно и здраво.




Состојки:
- 3 банани
- 70 гр путер од кикирики
- 20 гр лешници
- зрна од калинка
- 50 гр темно чоколадо
- 50 мл млеко
Подготовка:
Излупете ја бананата. Се сече на половина, а потоа по должина на друга половина. Земете путер од кикирики, намачкајте го секој дел, посипете со лешници или ореви, ситно сецкани.




Прелијте со зрнцата од калинката, стопете го чоколадото во врело млеко и посипете одозгора врз се. Изладете и послужете.




- Advertisement -
Пријатно!