Реклама
За добро топено сирење потребна е само добра температура на печење и добро одбрани сирења!




Ви приготвивме совршен рецепт за топено сирење од кои сите ќе бидат задоволни.
Реклама
СОСТОЈКИ:
- 1 парче сирење
- 1 парче кашкавал
- 100 гр Пекабеско кулен
- 200 гр кечап
- 200 гр павлака
- оригано




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во земјен мал сад ставаме еден ред павлака, потоа кечап и малку оригано.
Врз тоа наредете неколку парчиња кулен во еден ред, па поголеми парчиња сирење еден ред. На крајот, се става подебел слој рендан кашкавал.
Реклама




Оваа доза е доволна за три мали земјени садови.
Се пече во рерна загреана на 220 степени околу 20тина минути.




Ви препорачуваме и форнаринки како прилог со ова топено сирење.