Совршен рецепт за слатко велигденско ТЕСТО ЗА КОЛАЧИ

Вреди да се проба:

Престанете да барате совршено тесто за слатка велигденска торта – рецептот е пред вас!

Состојки:

  • 5-6 јајца
  • 350 мл. свежо млеко
  • 300 гр. шеќер
  • 42 гр. квасец
  • 80 мл. маст
  • 80 мл. путер
  • 20 мл. масло + 10 мл. за мешање
  • 1 прстофат сол
  • 1 кг. брашно
  • 1 лажица ракија
  • 1/2 кора од лимон
  • 1-2 ванилин шеќер
  • 2 ампули есенција од од лимон
  • 1 лажиче шеќер со рум

Подготовка:

Активирајте го квасецот со половина од свежото млеко, претходно загреано со 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно.

- Advertisement -

Јајцата убаво изматете ги со шеќерот, додадете ги сите преостанати состојки.

Брашното го просејуваме и го замесуваме тестото кое е многу лепливо и почнуваме да додаваме малку од маснотиите додека не се соединат убаво со тестото.

Постојано месиме и растегнуваме за да создадеме конци во тестото.

Вака подготвеното тесто е спремно за секој вид велигденски колач.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!