СОВРШЕНО КРЦКАВА КОРИЧКА ПОЛНЕТА СО СИРЕЊЕ И ЈАЈЦЕ: Највкусната лепиња доаѓа од Грузија!

Вреди да се проба:

Реклама

Грузиската лепиња (хачапури) потекнува од грузиската кујна, која е егзотична и необична по наша смисла.

Оваа лепиња е еден вид оброк, а убаво ќе се вклопи во варијантите на појадок, вечера или баш кога сакате вакво нешто.

Реклама

Состојки за тесто:

за 4 лица

  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 700 грама брашно
  • 200 мл вода
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица масло

Состојки за полнење:

  • 300 грама свежо кравјо сирење
  • 300 грама рендана моцарела
  • 300 грама фета сирење
  • 5 јајца
  • путер по желба

Подготовка:

Измешајте брашно, квасец, сол и шеќер. Загрејте ги водата и млекото заедно и полека истурете ја смесата со брашното. Почнете да го месите тестото со раце или со миксер. Месете ја смесата додека не добиете еластична и мазна топка.

Реклама

Додадете една лажица масло во тестото и дополнително измешајте го. Ставете го тестото во чист сад, покријте го со најлонска фолија и оставете го на топло место околу еден час, или додека волуменот на тестото не се удвои.

Отстранете ја фолијата, направете неколку вдлабнатини во тестото со тупаница и повторно покријте го со фолија и оставете го да отстои околу 30 минути. Во меѓувреме измешајте ги сирењето, ренданата моцарела и фета сирењето.

Поделете го тестото на четири дела. Расукајте го тестото и обликувајте го во форма на чамец.Секој „чамец“ наполнете го со смесата со сирење. Изматете едно јајце со малку вода и со оваа смеса премачкајте ја надворешната страна на чамецот.

- Advertisement -

Ставете ги лепињите во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути или додека тестото не добие златно-кафеава кора. Извадете од рерна, со вилушка направете вдлабнатина во смесата со сирење, а потоа додадете го јајцето овде. Вратете ги во рерна и печете уште пет до шест минути, додека не се испече јајцето. Послужете топло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -