Совршено добра пита : Сите ќе ви бараат рецепт!

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе ја оваа прекрасна пита со овчо сирење. Толку е вкусна и мека, едноставно прсти да излижеш. 

Еве го рецептот за оваа одлична пита со едноставна подготовка.

Реклама

Состојки:

За тесто:

  • 600 г брашно + уште малку за месење
  • 3 јајца
  • 250 мл ладна вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 10 г свеж квасец

За фил:

Реклама
  • 500 г овчо сирење
  • 100 г растопен путер или маргарин

За прелив:

  • 3 јајца
  • 200 мл млеко
  • 1 лажица шеќер

Начин на подготовка:

Во еден сад за месење ставете го издробениот квасец, сол и шеќер. Додавајте малку по малку вода и мешајте додека квасецот целосно да се растопи, па на крај се додава целата вода.

Јајцата се матат на страна и се ставаат во смесата. Потоа додаваме малку по малку брашно и мешаме додека да добиете лепливо тесто.

- Advertisement -

Тестото го ставаме на добро набрашнета површина (ако е потребно додаваме уште брашно) и месиме околу 5-6 минути додека да се добие мазно, еластично тесто.

Тестото се остава во намастен сад и се покрива со кујнска крпа да отстои 40 минути. Потоа се дели на 5 топки.

Секоја топка се развлекува во кора со дијаметар 25 см. Се премачкува со растопен путер и ставаме дробено сирење. Кората се витка како ролат.

Потоа ролатот малку го развлекуваме и сучиме како кога цедиме крпа.

Во намаслена тава (бр.30) ги редиме ролатите во спирална форма, започнувајќи од средината, правиме круг и таму каде што завршува една кора, ставаме друга и редиме така до крајот. Помеѓу корите оставаме малку простор, бидејќи тие ќе нараснат. Питата се остава покриена на топло место да отстои уште 15-20 минути.

Рерната загрејте на 180 степени, а на страна пригответе го преливот. Јајцата изматете ги со виљушка или со жица. Додадете во нив млеко и шеќер, па добро се изматува и се прелива преку питата.

Се пече околу 40-45 минути, на температура од 180 степени Целзиусови.

Кога ќе се испече се покрива со крпа и се остава така да отстои 10-15 минути да подизлади.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -