Реклама
Брза подготовка за работа – не може да биде побрзо, поевтино и повкусно!
Патем, ова е индиски рецепт и овие крофни се нарекуваат Пури. Тие се многу фини, меки и вкусни.




Состојки:
- 200 мл врела вода
- 300 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- масло за пржење




Подготовка:
Во еден сад ставете ја врелата вода, лажичка сол и шеќер. Потоа постепено додавајте го брашното и направете тесто.
Реклама




Тестото поделете го на на осум дела и направете топчиња. Секое топче расукајте го со сукало, и направете круг во големина на дланката.




Во тава загрејте масло и пуштајте ги кругчињата во врелото масло едно по едно. Големината на крофните можете да ја регулирате по ваша желба, исто така може да ги пренамените да бидат за солена или слатка консумација.
Реклама




Добар апетит!