Па, немаме друг избор освен да ве запознаеме со совршените американски палачинки.




Состојки:
- 2 шолји брашно
- 2 лажици шеќер
- пола ќесичка прашок за пециво
- 1/2 лажиче сол
- 1 шолја свежо млеко
- 2 лажици маслиново масло
- 1 јајце 1 лажиче ванила
Подготовка:




Во сад просејте го брашното, солта и прашокот за печиво, и додадете го шеќерот. Во посебен сад изматете го јајцето, додадете маслиново масло и млеко.




Додадете го брашното во течната смеса за американските палачинки по делови и измешајте додека смесата не стане хомогена.




- Advertisement -
Печете ги совршените палачинки во тавче со нелеплив слој (не се додава маснотија за да се добие овој мазен ефект) на средна температура.




Совршените американски палачинки направете ги мали и штом ќе се појават меурчиња, тогаш се подготвени за вртење. Послужете со дресинг од грчки јогурт и замрзнато овошје.
Пријатно!