Лесен рецепт за подготовка на преубаво слатко од јагоди.




Состојки:
- 1 кг јагоди
- 1 кг шеќер




Подготовка:
За слаткото, изберете помали јагоди. Исчистете ги од стебленца и добро измијте и исцедете го вишокот вода.
Јагодите наредете ги во тенџере за да го покријат дното, посипете ги со шеќер, па наредетев јагоди повторно, потоа шеќер … И така се додека не ги потрошите состојките. Оставете го тенџерето во фрижидер така преку ноќ да отстои, јагодите ќе ослободат малку сок и шеќерот делумно ќе се стопи.




Ставете ги следниот ден да се готват на тивок оган. На почетокот, додека не зоврие, мешајте повремено лесно, така што јагодите на дното да не се смачкаат. Кога ќе зоврие, не смеете повеќе да мешате, туку само повремено нежно треба да ја протресете шерпата. Доколку е потребно, намалете ја температурата на која готвите, но потребно е слаткото да врие постојано.




Додека го готвите слаткото, одозгора ќе се појави пена која треба да ја извадите со лажица.
Во зависност од тоа колку е голема шерпата, и какви се јагодите, ќе ви треба повеќе или помалку време да го сварите слаткото. По 30 минути готвење, проверете дали е сварено. Можете да го проверите ова со истурање неколку лажици сладок сок на послужавник и чекајте да се олади. Потоа фатете го сокот со лажица и истурете го назад во плехот. Ако е течно, не е доволно зготвено. Исто така, проверете дали слаткото не е преварено, бидејќи во тој случај брзо ќе стане шеќер.




Кога е слаткото сварено, ставете влажна крпа преку шерпата и почекајте да се излади добро. Истурете ја оладената слатка во добро измиени и исушени тегли.




Добар апетит!