Слатко од ливчиња од роза: Необично слатко кое ќе ве воодушеви!

Вреди да се проба:

Реклама

Необично слатко кое ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 1л вода
  • 60 гр ливчиња непрскани, мајски рози
  • 1 кг шеќер
  • Сок од 1 лимон

Подготовка:

Ставете 1 тацна во замрзнувачот. Ставете чисти стаклени тегли во ладна рерна и вклучете на 100 степени. Оставете да се стерилизираат еден час.

Реклама

Ставете вода во сад, а кога ќе зоврие додадете ги ливчињата од роза. Гответе ги 15 минути (водата ќе стане синкаво-зелена). После тоа време, истурете сок од еден лимон, а потоа додадете шеќер. Гответе додека меурчињата кога врие станат поголеми, а потоа проверете ја густината.

Ставете лажичка џем на тацната од замрзнувачот, почекајте половина минута, а потоа повлечете линија низ разладениот џем; ако линијата остане чиста, тогаш слаткото  е зготвена. Истурете го врелото слатко во врелите тегли и веднаш затворете ги капаците.

Реклама

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -