Невообичаено слатко кое ќе ве воодушеви со својот вкус.




Состојки:
- Лубеница
- Шеќер (800 гр за секој килограм кора)
- Според вашите желби и вкус: каранфилче, стапче од ванила или цимет итн.




Подготовка:
Исечете ја лубеницата на кришки, а потоа исечете го месото (црвениот дел) на 1/2 см од кората. Излупете ја кората, а потоа исечете ја на мали парчиња (по можност 1-1,5 см на коцки), а потоа измерете ја.




Ставете ја исечената кора во шерпа и прелијте ја со вода. Кога ќе зоврие исцедете ги коцките кора, истурете ја водата. Ставете нова вода и повторно оставете да зоврие. Повторете ја постапката така што водата ќе ја истурите 9 пати (и кората ќе ја исцедите). Кога кората ќе проврие во девет води, истурете ја со ладна вода и оставете ја да стои, да се олади.




За секој килограм кора што сте го измериле пред да почнете да готвите, подгответе 800 гр шеќер. Ставете шеќер во поголемо тенџере, истурете половина чаша вода и варете. Кога сирупот ќе се згусне до густина на редок мед, додадете ги коцките кора од лубеница и зачини, по желба. Промешајте и продолжете да готвите 10-15 минути.




Проверете ја густината – најдобро со истурање лажичка сируп, така да ако остане трага кога ќе повлечете со лажичката, тогаш слаткото е готово,ако трагата не е исцртана, тогаш се уште треба да се готви. Истурете го топлото слатко во врели тегли. Теглите затворете ги со капаци и ставете ги во ќебе или крпа за полека да се оладат.
Уживајте!