На многумина омилено слатко им е токму ова, слаткото од зелени смокви.Дали и на вас ви е омилено?!
Состојки:
- 500 гр зелени смокви
- 600 гр шеќер
- 1 л вода + за готвење
- сок од половина лимон
- 2-3 каранфилче
Подготовка:
Измијте ги смоквите и исечете ги дршките. Ставете смокви во тенџере, потурете ги со вода, и од моментот кога ќе зовријат, варете 10 минути. Исцедете ја водата, истурете ја повторно и ставете ја да зоврие, како прв пат. Повторете го процесот уште еднаш. Така се готват вкупно 30 минути.
- Advertisement -
Одделно ставете литар вода со шеќер во соодветна шерпа, додадете смокви и каранфилче. Гответе 30-40 минути на средна топлина од моментот кога ќе зоврие. На крај додадете сок од лимон и варете уште 5 минути.
Слаткото оставете го да се олади во шерпа, па истурете го во соодветните стаклени тегли.
Уживајте!