Класичните пржени кришки сите ги сакаат и воглавно се јадат за појадок. Но тие може да бидат и слатки, тогаш во смесаата се додава уште цимет и ванилин шеќер, а потоа се пржат.




Полнењето може да го изберете по ваша желба. Може да ги сервирате со сладолед и овошје.
Состојки:
- 10 кришки тост леб
- 3 лажици стопен путер
- 3 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици цимет
- 3 јајца
- 1 лажица млеко
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 лажичка екстракт од ванила




Начин на подготовка:
Секоја кришка тост леб притистнете и развлечете ја со оклагија. Во чинија измешајте го растопениот путер, кафеавиот шеќер и 2 лажици цимет. Со оваа смеса намачкајте ја секоја кришка тост леб, додадете фил од крем или џем по ваша желба и завиткајте ги како ролни.




Секоја ролничка потопете ја во мешавина од три јајца, една лажица млеко, половина лажичка цимет и половина лажичка екстракт од ванила. Ставете ги во тава со масло и пржете додека не поруменат.




Погледнете ја целата постапка на видеото подолу.
Пријатен апетит!
Извор: stvarukusa.mondo.rs