Слатки кифлички кои мирисаат на детство: Кифлички со ореви, по рецепт на нашите баби кои се СОВРШЕНИ!!

Вреди да се проба:

Слатко задоволство кое потсеќа на детството. Нема човек што може да остане рамнодушен на овој фантастичен мирис на свежо печени домашни кифлички со ореви.

Состојки:

  • 400 гр. остро брашно
  • 150 гр. маст
  • 2 јајца
  • 20 гр. свеж квасец
  • 100 мл. млеко
  • ситно рендана кора од лимон
  • 200 гр. ореви
  • 200 гр. шеќер
  • 200 гр. шеќер во прав

Подготовка:

Во млако млеко додадете лажичка шеќер, малку брашно и свеж квасец. Измешјте и оставете да надојде смесата. За тоа време на даска за месење пресејте го брашното и направете вдлабнатина на средина во купот со брашно.

- Advertisement -

Во вдлабнатината истурете го надојдениот квасец, 150 грама маст, 4 лажици шеќер, ситно рендана кора од лимон, 1 цело јајце и 1 жолчка.

Од сите состојки замесете меко тесто и оставете го половина час да се одмори. Потоа развлечете го на дебелина од половина сантиметар, исечете го на коцки и филувајте го.

Филот направете го на следниот начин:

Изматете ги белките во совршена пена, додадете шеќер и на крај мелени ореви. Сето тоа добро измешајте. Со оваа смеса филувајте ги исечените коцки тесто и мотајте ги во ролни како кифлички.

Формираните кифлички подредете ги во намаслен плех и печете ги на температура од 180 степени Целзиусови, 15 до 20 минути. Печените кифлички треба да останат бели и додека се топли валајте ги во шеќер во прав.

Уживајте во вкусот, пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!