Реклама
Топлото време искористете го за полесни јадења.




Состојки:
- 1 зелка
- 300 гр шарена сланина
- 2 моркови
- 1 компир
- 1 зелена пиперка
- 1 праз
- 2 домати
- корен и лист од целер
- сува билки зачин
- сол
- црвен пипер
- лист од магдонос
- 1 лажица брашно




Подготовка:
Исечете ја зелката на коцки и ставете половина на дното на тенџерето, исечкајте го целиот зеленчук освен доматите, ставете го врз зелката па потоа ставете ја сланината која сте ја исекле на коцки. И повторно на крајот ставете ја останатата зелка.
Реклама




Истурете вода да прелие и варете на тивок оган додека не се зготви околу еден час. Кон крајот, додадете домати на коцки, а потоа варете уште 5 минути.




Ставете брашно во мал сад, додадете лажица зачини и мелен пипер, истурете малку вода и измешајте да нема грутки.
Реклама




Истурете во зелката и лесно измешајте. Оставете уште една минута – две да зоврие, а потоа додадете сецкан магдонос, покријте го јадењето и исклучете го.




Добар апетит!