Денеска се крчка нешто вкусно и здраво – слатка зелка без месо, идеално јадење „со лажица“, особено во сезоната на настинки и грип.




Слатката зелка е идеално јадење во постудените денови бидејќи е полна со минерали и витамини.
Бидејќи е без месо, може да го приготват оние кои почнале да постат.
Состојки:
- 1 главица зелка (од 1-1,5 кг)
- 1 поголем компир, ситно исечкан на коцки
- 2 моркови, исечени на прстени
- малку корен од целер и пашканат
- 2 свежи зелени пиперки
- 1 поголем домат (свеж или варен)
- 1 лажичка брашно
- 1 лажичка слатка црвена алева пиперка
- зачини по желба: сол, бибер, лист целер, магдонос
масло




Начин на подготовка:
Зелката исечкајте ја на покрупни коцки и половината ставете ја во шерпата, а зеленчукот исечкајте го на прстени или коцки и ставете го во средината на шерпата врз зелката и покријте го со другата половина од зелката.




Додадете лист целер. Истурете до половина вода и варете околу 45-50 минути. Додадете зачини и домати кога ќе се свари зелката. На половина од готвењето се прелива со 30 милилитри масло и црвена слатка алева пиперка.
Истурете малку масло во тавата, додадете брашно и лук. Малку се пропржува, се додава црвениот пипер и веднаш се трга од оган се и се промешува брашното и се прелива во зелката.




Пробајте за вкус, па посолете ако е потребно, побиберете и добро протресете го тенџерето бидејќи зелката не се меша.
На крај додадете една шака сецкан магданос и варете уште малку.
Оставете да крчка уште минута-две и исклучете ја ринглата.




Во продолжение погледнете го видеото каде е објаснета целата постапка.