Засукајте ги ракавите и направете го најубавото слатко за ледените денови.




Состојки:
- 1 кг смокви
- 1 кг шеќер
- 1 лимон
- 1 лимонтус
- стапче ванила или ванилин шеќер
Подготовка:




Измијте ги смоквите, исечете им ги стебленцата и прободете ги со чепкалка за заби на неколку места за да не пукнат. Растворете го лимунтусот во малку вода, потоа истурете ги смоквите и малку промешајте ги, така што лимунтусот се распоредува насекаде. Оставете ги да отстојат 5-6 минути.




Истурете 2 литри вода во поголем сад, потоа извадете ги смоквите со лажица и ставете ги во врела вода и варете околу 5 минути. Извадете ги во сув сад. Истурете го шеќерот во садот, потоа истурете 300 мл вода и варете додека не се згусне малку.




Оставете смокви да се варат околу еден час. Кон крајот, додадете половина од исцедениот лимон, а остатокот исечете го на парчиња и додадете исто така. Додадете ванила или стапче од ванила.




Покријте го свареното слатко со влажна крпа и кога ќе се излади, истурете го во стерилизирани тегли.
Пријатно!