СИТЕ ЌЕ ВИ БАРААТ РЕЦЕПТ: Меки кифлички без јајца и млеко, со прелив од путер!

Вреди да се проба:

Реклама

Ви подготвивме рецепт за највкусните кифлички кои се подготвуваат без млеко и јајца, а се меки како памук!

Идеални се и за посни денови, само во тој случај путерот треба да го замените со маргарин.

Реклама

Состојки:

  • 1 кг меко брашно тип 400,
  • 500 мл вода,
  • 1 коцка (50 гр.) свеж квасец,
  • 3 полни лажици шеќер,
  • 1 лажица сол,
  • 100 мл масло.

За премачкување:

  • мајонез (посен или обичен)
  • сусам за посипување.

За прелив:

Реклама
  • 250 гр путер или маргарин

Подготовка:

Во 500 милилитри топла вода растворете коцка квасец со 1 лажица шеќер. Во садот истурете го просеаното брашно, додадете 2 лажици шеќер, 1 лажица сол, вода со квасец и 100 милилитри масло.

Се замесува лесно, со додавање уште малку брашно, тестото да биде мазно, меко и да не се лепи. Се се прави веднаш, не се остава да нарасне ниту квасец ниту тесто.

Во зависност од големината на кифличките кои ги сакате, тестото поделете го на поголеми или помали топчиња. Расукајте со сукало во форма на елипса, нанесете го филот по избор (сирење, шунка или посен џем, мармалад, ореви…) и со раце лесно завиткајте ја кифличката како ролат.

- Advertisement -

Плехот лесно намачкајте го со маргарин и наредете ги кифличките на растојание од најмалку 2 цм, бидејќи при печењето многу растат. Оставете да нараснат околу 2 часа на топло место, а потоа нараснатите кифлички премачкајте ги со мајонез и посипете ги со сусам.

Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги додека убаво не поруменат. Внимавајте да не се препечат.

Се топи маргаринот или путерот и се загрева во тавче со капак (треба да биде врел).

Испечените топли кифлички веднаш прелијте ги со врелиот растопен маргарин, по две лажици за секоја ролна и оставете да се изладат.

Уживајте во вкусот!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -