Оваа салата е една од најубавите што ќе ја пробате.




Руската и мимозата заменете ја со оваа салата која станува апсолутен хит. Направена е слично како и познатите класици, па сигурно ќе ви се допадне.




Состојки:
- 250 гр шунка
- 200 гр конзервирана пченка
- 4 варени јајца
- 200 гр маринирани печурки
- 150 гр моркови
- 100 гр кашкавал
- мајонез
Подготовка:




Исечете ја шунката на ленти и наредете ги на дното од садот, па додадете мајонез. Потоа наредете ја пченката, па мајонезот, па изрендајте ги јајцата што сте ги свариле, па мајонезот.




- Advertisement -
Потоа следуваат маринирани сечкани печурки, мајонез и на крајот ренданиот варен морков, мајонезот и ренданото тврдо сирење,кашкавалот. Ставете во фрижидер еден час и послужете.
Пријатно!