Овој сируп е богат извор на железо и е добар прочистувач на крвта. Може да го замените шеќерот со стевиа или поголема количина на мед.
Состојки:
- 400 гр млади лисја од коприва
- 7 лимони
- 800 гр шеќер (може да биде и кафеав)
- 5 лажици ливадски мед
- 1 л филтрирана вода
Подготовка:
Во тенџере ставете ги лисјата од коприва, исечен лимон и вода – покријте ги и оставете ги да отстојат 24 часа. После тоа, процедете се со ставање газа на цедилка. Исцедете ги лимонот и копривата со рацете за да добиете што е можно повеќе сок.
- Advertisement -
На крај додадете шеќер (или некој друг засладувач) и оставете неколку часа, мешајќи повремено додека не се раствори целиот шеќер. Истурете го готовиот сируп во стерилизирани шишиња и чувајте го на ладно место. Ако сакате сирупот да трае подолго, можете да го пастеризирате.
Забелешка: Наместо шеќер може да користите, стевиа, мед или помала количина на шеќер.