Сируп од ловоров лист: Направете лековит напиток кој спречува кашлица, ја чисти плуќата и го јакне имунитетот…

Вреди да се проба:

Рецептот за лековит сируп од ловоров лист е стар лек кој многу лесно се подготвува. Ловоровиот лист има моќно дејство за лекување на респираторните органи, а со векови се користи во природната медицина.

Оваа билка содржи калиум, цинк, магнезиум, селен, железо и витамини А, Б и Ц.  Го јакне имунитетот, ги ублажува болките и е одличен за јакнење на организмот при бактериски и вирусни инфекции.

- Advertisement -

Ловоровиот лист е познат како одличен лек за кашлица и бронхитис.

Рецепт за лековит сируп од ловоров лист

Состојки:

  • 200 гр. шеќер
  • 400 мл. вода
  • 2 ловорови листови
  • 1 лимон
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1/2 лажичка цимет

Подготовка:

Ставете го шеќерот во длабок на оган. Карамелизирајте го шеќерот и прелијте со го со вода. Оставете да проврие на средна температура со постојано мешање.

Додадете го ловоровиот лист и изрендајте кора од 1 лимон. Поклопете со капак и оставете ги состојките заедно да проврат.

Тргнете од оган и прецедете. Додадете во течноста ѓумбир во прав и цимет. Промешајте и оставете да се олади.

Секој ден земајте по една лажичка од сирупот.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!