Сиромашна пита: Мора да го запишете овој рецепт!

Вреди да се проба:

Реклама

Секоја куќа ги има овие состојки, и тие можат да ви помогнат да направите феноменален ручек.

Состојки:

  • 850 гр брашно
  • 450-500мл млака вода
  • 125мл масло
  • 1 лажичка оцет
  • путер
  • 350 грсирење
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко

Подготовка:

Во сад ставете, млака вода, оцет, сол, масло и брашното на крај полека го додавајте и мешајте со дрвена лажица, на крај продолжете да месите со рака. Замесете тесто и откако ќе го замесите оставете го 15 минути на страна да се одмори, покријте го со крпа.

Реклама

Откако ќе одмори тестото, разделете го на 12 еднакви делови. Од нив почнете да расукувате помали кругови кори. Секоја кора расукувајте ја уште малку и тие ќе ги редите во садот за печење.

За филот кој се става помеѓу секоја кора, изматете ги двете јајца со 350 гр сирење. Корите се редат во садот за печење така што, се става кора, се премачкува со растопен путер или маргарин , се става од филот и се така се редат корите до потрошување.

Реклама

Последната кора одозгора се премачкува со маргарин, и така се сече тестото на квадрати. Се прелива со 100 мл млеко и се пече на 200 степени 30-35 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -