Овој рецепт е познат надалеку, а се приготвува многу лесно. Одличен избор за брза и вкусна вечера за целото семејство. Можат да го приготват дури и почетниците во кујна.




Подгответе сирење на шопски начин во неколку чекори.
Состојки:
- 400 г сирење
- 2 домати
- 2 јајца
- 2 големи лажици масло
- 1 гранче магдонос
- 2 лути пиперки
- сол




Подготовка:
Сирењето се сече на парчиња (филии) и се реди едно врз друго, во претходно намаслени земјени садови.
Доматите се лупат, се сечат на кругови и се редат врз сирењето.




Вака наредедени, земјените садови се ставаат да се печат во претходно загреана фурна, на 200 степени целзиусови околу 10 минути.
Потоа се вадат од фурна и врз секој земјен сад, се крши по едно јајце и се додава одозгора цело (нематено).




Се враќаат во фурна и се печат уште неколку минути, додека јајцето убаво се испече.




На крај, кога ќе се потпечат, се вадат од фурна и се посипуваат со ситно сечкан свеж магдонос . Како прилог се става по едно луто пиперче во секоја порција.




Се сервираат додека се топли.