Се прави само еднаш и носи среќа: ХИЛАНДАРСКИ СЛАДОК ЛЕБ!

Вреди да се проба:

Реклама

Вие одлучувате дали сакате да го направите на класичен начин или следејќи го овој малку необичен рецепт за кој тврдат дека е чудесен.

Лебот е круг, добро ќе ви дојде кога може да ви донесе промени во животот. Задачата на секој што се обидува да го направи е да се грижи за него. Вие се грижите за лебот цела недела. Тој е мистериозен и упорен. Ви ја пренесуваме тајната на чување како што вели верувањето.

Реклама

„Лебот ќе донесе среќа на целото семејство. Ќе исполни голема желба. Никогаш не барај го, лебот сам ќе ти дојде. Овој леб можете да го јадете во секое време од животот, а се прави само еднаш“, вели оваа традиција.

Состојки: (за 12 лица)

  • 250 гр пченично остро брашно
  • 250 гр шеќер
  • 250 мл масло
  • 3 јајца
  • 3 рендани јаболка
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 кесичка цимет во прав
  • 50 гр мелено чоколадо
  • 2 лажици сечкани ореви
  • 30 гр суво грозје
  • 1 ванила

Начин на подготовка:

Подготовката на лебот се прави цела недела, така што од понеделник до сабота секој ден се додаваат одредени состјоки, со љубов, грижливот и големо внимание.

Реклама

Првите шест дена од седмицата:

  1. Во понеделник додадете 250 грама шеќер.
  2. Во вторник додадете уште 250 милилитри млеко.
  3. Во среда, 250 грама брашно – но не мешајте ги состојките.
  4. Измешајте го тестото трипати во четврток.
  5. Во петок, додадете уште 250 грама шеќер, 250 грама брашно, 250 милилитри млеко и измешајте ги состојките.
  6. Во сабота измешајте го тестото и поделете го на 4 еднакви делови. Тестото чувајте го во пластичен сад, во фрижидер.

Недела:

Во недела, кон вашите делови, од тестото што го приготвувавте претходните шест дена, додадете ги следните состојки:

- Advertisement -
  • 250 гр брашно
  • 250 мл масло
  • 3 јајца
  • 3 рендани јаболка
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 вреќа цимет
  • 50 гр мелено чоколадо
  • 2 лажици сецкани ореви
  • 30 гр суво грозје
  • 1 ванилин шеќер

Добро измешајте ги сите состојки.Печете го лебот на 200 степени, се додека убаво не порумени.

Во недела или понеделник, споделете го тестото со пријателите кои ви посакуваат среќа.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -