Се подготвува за само 25 минути: Предлог за брза вечера или појадок од леб, шунка и сирење

Вреди да се проба:

Реклама

Ако сте уморни од работа или едноставно не сакате да готвите нешто комплицирано, а сепак би сакале да јадете нешто вкусно, испробајте го овој рецепт.

Состојки:

  • тост леб 22 бр.
  • 200 гр. шунка (12 парчиња)
  • 300 гр. кашкавал
  • 3 јајца
  • 500 мл. млеко
  • сол
  • бибер
  • маргарин за премачкување
  • оригано (по желба)

Подготовка:

Подгответе еден сад за печење и премачкајте го со маргарин. Наредете го првиот ред тост леб и потоа одозгора наредете половина парчиња од шунката и одозгора половина од смесата рендан кашкавал.

Реклама

Изматете ги јајцата, па додадете млеко, сол и бибер. Добро соединете и рамномерно прелијте преку јадењето.

Печете на температура од 200°C, околу 20-25 минути. Кога ќе се испече само посипете го со оригано.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -