Се мачка на леб, а можете да го служите и со месо: Додадете го ова во грчки јогурт и ќе добиете совршен намаз

Вреди да се проба:

Само неколку намирници се неопходни за овој прекрасен намаз кој одговара буквално со се. Ви препорачуваме најпрво да го испробате овој намаз со печено или пржено месо.

Уживајте во вкусот!

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • 3 млади кромидчиња (одделен бел и зелен дел)
  • половина лажичка сол
  • 1 авокадо
  • 200 гр грчки јогурт

За сервирање:

  • Чипс, тортиља пита или такос (по избор)

Подготовка:

Загрејте го маслото на средна топлина. Додадете малку сол заедно со белиот дел од младото кромидче, сецкан на ситно. Пржете околу 3 минути, со постојано мешање, додека кромидот не зарумени.

Пренесете го пржениот млад кромид во сад со средна големина и додадете едно авокадо, грчки јогурт и преостаната сол. Добро измешајте за да се соединат состојките, а авокадото лесно изгмечете го така да ви останат мали парченца во смесата.

Пробајте го добиениот намаз и по потреба додавајте уште зачини, како и зелениот дел од младото кромидче, сецкан на ситно.

Послужете со такос, тортиља или чипс.

Добар апетит!
Извор: Stvar ukusa

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!