Пита со неодолив вкус и е толку добра што нема да можете да престанете да ја јадете.




Состојки:
- 250 мл топло млеко
- 1 кесичка сув квасец (10 g)
- 1 лажица шеќер
- 500 гр брашно T 400
- 1 лажичка сол
- 2 јајца
- 300 гр сирење
- 2 лажици стопена маст




Подготовка:
Во топлото млеко додадете шеќер и квасец, па оставете 2-3 минути да се активираат. Потоа додадете брашно и сол, и замесете тесто. Покријте и оставете да одмори 30 минути.




Потоа премачкајте го огноотпорниот сад или тавата со стопена маст. Исецкајте го сирењето и измешајте го со јајцето. Со подмачкани раце, откинете малку од тестото, истегнете го со рацете, а потоа подмачкајте го, па истурете од филот на него и завиткајте го нагоре. Вака се прави со целото тесто и се реди во тава за печење.




Кога ќе го направите целото тесто, додајте јајце и јогурт на остатокот од филот, промешајте, па подмачкајте ги питите, а потоа прелијте ги со смесата. Оставете 10-15 минути да стаса. Печете на 200 ° C околу 30 минути.




Добар апетит!