СЕЛСКО МЕСО на традиционален македонски начин

Вреди да се проба:

Реклама

Ова јадење од балканските простори може да се јаде во секоја доба од годината. Лесно е за подготовка има извонреден вкус што ги задоволува сетилата и на најпребирливите.

Еве еден традиционален рецепт, направете вкусно селско месо за ручек.

Реклама

Потребни состојки:

  • 1 гр. свин­ско месо
  • 2 суви пиперки
  • 500 гр. печурки
  • сол, бибер, сув магдонос, нане, оригано, црвен пипер
  • 2 чешњиња лук
  • 2-3 кромид
  • малку буко­вец
  • 30 мл. бело вино
  • 500 мл доматно пире (по потреба
  • 200 гр. кашкавал (се додава по желба)
  • свеж магдонос

Начин на подготовка:

Најпрво местото се сече на мали ситни коцки и се става во загреана тава, со масло, да се пржи. По желба можете да го приготвувате мешавина од повеќе видови месо (телешко, свинско или пилешко).

Откако малку ќе се запржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид се продолжува со пржење, додека да омекне кромидот. Потоа се додаваат свежите печурки заедно со сечкани суви пиперки и се пропржуваат.

Реклама

После печурките се додаваат зачини, нане, магдонос, црвен пипер, бибер и црвена лута пиперка. Сето тоа заедно се пржи на оган оган околу 10 минути додека аромите не се сеодинат.

Потоа се додава 30 мл бело вино и се остава на среден оган да се динста со затворен капак.

Во текот на динстањето по потреба се додава доматното пире. Се динста 45-50 минути се додека содржината во тавата се згусне.

- Advertisement -

На крајот, се прави запршка од брашно со црвен пипер. Кога ќе добиете хомогена смеса се додава сол, црн бибер, ситно сецкан лук.

Во земјена тава за печење, се става целата смеса од месото заедно со печурките и зачините. Со лажица, убаво се промешува се заедно.

Месото во тавата се поросува со буковец, над него се става магдонос и се додава готовата запршка. Веднаш потоа тавата се става во рерна, јадењето да се потпече околу 20-30 минути на 200 степени целзиусови.

По ваша желба може да се додаде и кашкавал пред самиот крај, колку да се растопи и да фати кора. На крај се поросува со ситно сецкан свеж магдонос.

Се служи топло, со чаша добро црно вино.

Добар Апетит!!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -