Селските шницли се толку меки што се распаѓаат во устата.




Ако правите селски шницли за ручек, дефинитивно нема да погрешите. Поубави се и од ловечките бидејќи се динстаат во чорба што ги прави меки, а на крајот се додава и сувата пиперка која дава пикантност. Ако не сакате лути, користете обични суви пиперки. Овие феноменални шницли можете да ги послужите со пире од компири или пире од грашок.




Состојки:
- 4 свински шницли
- 4 суви лути пиперки
- 3 лажици масло
- 1-2 чешниња лук
- копар
- 1 коцка супа
Подготовка:




Исчукајте ги шницлите со чекан за месо и зачинете по вкус. Пропржете ги во тавче од двете страни, па додајте коцка супа што сте ја раствориле во вода. Ако имате подготвена супа уште подобро, користете ја наместо коцки.




Сувите пиперки измијте ги и исечкајте ги, па потопете ги во врела вода. Оставете да отстојат неколку минути. Сувите пиперки исечкајте ги и наредете ги околу месото. Ако немате суви, можете да користите и свежи, само тогаш не мора да ги омекнувате во вода. Кон крајот додадете сечкан лук и копар и динстајте уште 5 минути.




Пријатно!