Реклама
Појадокот е најважниот оброк во денот, никако не го прескокнувајте – вака постојано апелираат лекарите. Но со брзото темпо на живот и големиот број обврски, многумина често немаат време да си направат нешто вкусно наутро.




Доколку ви останат вишок минути можете да си ги направете највкусните селски мкици.
Реклама




Потребни состојки:
- 100 мл. млеко,
- 1 јајце,
- 1/2 пакување квасец
- 1 лажичка сол,
- 1 лажичка шеќер,
- 2 лажици масло,
- 1/2 канчиња кисело млеко,
- 1 прстофат сода бикарбона и
- 500 гр. брашно.




Начин на подготовка:
Се мешаат сите суви состојки, па се мати јајце со кисело млеко и се додава сода, а потоа млеко и масло. Се мешаат смесите.




Се замесува тесто со раце, па се остава 30 минути. Се вадат мекици со намастени раце и се пржат во врело масло. И тоа е тоа.
Реклама
Вака ќе ги подготвите највкусните мекици кои ќе ве потсетат на детството кога нашите баби ни ги правеа на село.




Добар апетит!