Селски козињак како на баба: Многу мек со крцкава кора!

Вреди да се проба:

Која е тајната на вкусниот козињак  – оној го правеа нашите баби. Веднаш ви кажуваме – квалитетните домашни производи и фактот дека нашите баби не штедеа на ништо.

Денес ви предлагаме да го замесиме заедно овој селски козињак како и во старите денови! Еве како се прави селскиот козињак на баба.

- Advertisement -

Состојки:

  • 700 гр брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец (20 g)
  • 4 јајца (оставете 1 жолчка на страна)
  • 150 мл свежо млеко
  • 120 гр шеќер и уште малку да се посипе
  • 2 ванили
  • кора од еден лимон
  • 60 гр путер
  • прстофат сол
  • мармалад од шипка

Подготовка:

Активирајте го квасецот во топлото млеко со шеќер 1 лажиче и 2 лажици брашно и оставете да нарасне. Ставете го брашното во сад, додадете малку сол, направете дупче на средината и истурете ги изматените јајца со шеќер, стопен путер – не  врел, кората од лимон, ванила и пенест квасец.

Месете меко тесто, и во зависност од големината на јајцата можете да додадете малку повеќе брашно или малку топло млеко, доколку е потребно. Расукајте го тестото и оставете го да нарасне на топло најмалку еден час и половина.

Месете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 3 топчиња, од кои секоја се расукува во кора дебела околу 5 мм, се мачкаат со мармалад, и се ролаат. И кога сите три се подготвени, направете плетенка, ставете во плех во кој претходно сте ставиле хартија за печење и оставете повторно на топло, завиткано во фолија на околу еден час.

Откако повторно ќе нарасне, намачкајте го козињакот со жолчка (може да ја измешате со малку свежо млеко и масло), посипете со гранулиран шеќер и печете во загреана рерна. На почетокот – 10 минути на 50 степени, а потоа околу 40 минути на 180 степени. За време на печењето, покријте го со фолија, само малку одозгора за да не изгори.

Уживајте!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!