Изненадете го семејството со еден прекрасен и лесен ручек, подгответе вкусна и уникатна селска тава од син патлиџан.
Потребни состојки:
- 1кг син патлиџан
- 1главица кромид ситно сецкан
- 3 чешниња лук, ситно сецкан
- 1кг домати сецкани
- мелен црн пипер
- сол
- брашно
- 225мл масло
- 125 гр бело сирење




Начин на подготовка:
Синиот патлиџан се сече на тркалца, се посолува и се остава да одстои 20 минути да ја испушти течноста.
На 1 лажица масло се пржи кромидот, а потоа се додава црвениот домат, лукот и малку сол и црн пипер. Се вари 30минути. После се пасираaт доматите и повторно се вари смесата за да се згусти сосот.




Откако синиот патлиџан ќе пушти вода и отстои некои време се премива со ладна вода и се бришат со кујнска хартија.
Патлиџаните се валаат во брашно и се пржат на масло.
Пржените патлиџани се редат во земјена тава, се става малку од сосот и сирење исечено на тенки ливчиња. Вториот ред повторно се редат патлиџани, па се става од сосот и се така додека се потрошат сините патлиџани.




На крај се прелива со сос и се одозгора се завршува со рендано сирење. Се става во загреана рерна на 200 ºC да се запече, околу 25минути.




Пријатно јадење!