Полентата, според некои верувања, за прв пат ја јаделе селани во северна Италија, а ја подготвувале од бела или жолта пченка. Но доста долго време, палентата е омилено јадење и во нашите простори.




Состојки:
- 150 гр. палента
- 200 гр. брашно
- 300 гр. свежо сирење
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. масло
- 1 лажичка сол
- 1 прашок за пециво




Подготовка:
Прво вклучете ја рерната да се загрее до 190 степени и започнете со подготовка на смесата.
Во сад измешајте ги добро маслото и јогуртот, па додадете палента, брашно, прашок за пециво и сол кои претходно сте ги измешале заедно. Добро промешајте додека не добиете соединета смеса без грутки, а потоа додадете рендано сирење.




Истурете ја смесата во подмачкан сад за печење и печете додека не порумени, а чепкалката да излегува чиста од тестото. На крајот, извадете и оставете да стои околу пет минути, а потоа исечете и послужете, пренесува Атма.
„Полентата е одлична за здравјето“!




Еве неколку причини зошто е здрав овој оброк:
Гризот од пченка е богат со витамини од групата Б, витамини К и Е, фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган. Покрај тоа, содржи мал број на калории, па затоа е одличен избор ако внимавате на линијата.




Целата пченка е здрава како и секое жито, бидејќи е богата со растителни влакна и многу витамини, минерали и антиоксиданси – рече Оља Мартиниќ, диететичар и нутриционист во Советодавниот центар за исхрана Оља од Сплит.




Најважни во пченката се нерастворливите влакна, како што се хемицелулоза, целулоза и лигнин – додаде таа и нагласи дека палентата во комбинација со јогурт е особено добар оброк за нашето тело.