СВИНСКИ РЕБРА: Една состојка им дава неверојатна сочност!

Вреди да се проба:

Реклама

Свинските ребра од рерна, испечени на овој начин, гарантирано ќе бидат сочни и вкусни.

Со овие ребра нема промашувања. Вака подготвени ќе бидат многу меки и сочни, а месото едноставно ќе се стопи во устата. Тајната состојка која им дава посебна сочност се пасираните јаболка.

Реклама

Состојки:

  • 1 кг свинско ребро
  • сол

За маринадата:

  • 100 гр пире од јаболка
  • 100 гр сос од домати
  • 20 гр кафеав шеќер
  • 3 лажички соја сос
  • половина лимон
  • црвена пиперка, лук во прав, бибер

Подготовка:

Одделените ребра убаво зачинете ги со сол. Во сад измешајте ги пасираните јаболка, сосот од домати, шеќерот, сокот од половина лимон, сос од соја и додадете ги сите зачини по вкус.

Реклама

Добро соединете, па прелијте ги ребрата внимавајќи секое добро да се натопи. Се остава да отстои околу еден час во маринадата. Се редат во плех, се покрива со фолија и се пече околу еден час на 220 степени.

15 минути пред крајот на печењето се вади од рерна, се трга фолијата, па се прелева со сокот што ребрата го ослободиле при печењето и се враќа во рерна додека не добијат карамелизирана крцкава кора.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -