Направете празнична салата од вашите омилени состојки, како што се компири, пилешко и сирење.




Оваа празнична салата ќе ја збогати секоја празнична трпеза. Вкусот е фантастичен, а за да изгледа толку убаво не ви треба ништо повеќе од калап за торта. Оваа украсна салата ќе им се допадне на сите, а вие ќе ја послужите со некое друго мезе.
Состојки:
- 3 јајца
- 3 компири
- 1 морков
- 1 кромид
- 20 мл оцет
- 2-3 кисели краставички
- 3-4 маслинки
- 250 гр чадено пилешко
- 200 гр чадено сирење
- мајонез
Подготовка:




Исечкајте го кромидот, па ставете го во сад и прелијте го со оцедот и водата. Оставете неколку минути. Потоа на дното на калапот ставете рендан компир, слој мајонез и мариниран кромид (пред тоа исцедете го).




Потоа ставете сечкано пилешко, па слој мајонез. Потоа додадете ги сечканите кисели краставички и ренданиот морков, па слој мајонез. Изрендајте го сирењето, па слој мајонез и изренданите јајца.




Покријте со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ. Украсете со сечкани маслинки, магдонос и калинка.




Пријатно!