Светогорска сарма, посна и вкусна: Оригинален рецепт од Света Гора!

Вреди да се проба:

Оваа сарма ја подготвуваат светогорските монаси за Бадник, научете како да ја подготвите, а можете и да ја замрзнете.

Рецептите од Хиландар се вистинско богатство, а денес ви го пренесуваме овој за посна сарма.

- Advertisement -

Состојки:

  • 2 страка праз
  • 2 глави кромид
  • 1 морков
  • 100 гр. ориз
  • 350-400 гр. мелени ореви
  • 100 гр. пушена риба (лосос)
  • 12-15 листови кисела зелка
  • Сол, масло, сув зачин, мелен црвен пипер, бибер, гранули лук, магдонос, зачини за чили.

Подготовка:

На масло пропржете го празот, кромидот и морковот претходно исечкани. Во зеленчукот додадете го измиениот ориз, па додадете ги мелените ореви. После тоа, додадете ја и пушената риба иситнета на помали парчиња.

Додадете ги зачините и измешајте. откако тоа сето ќе го запржите убаво, тргнте на страна, извадете ги листовите зелка и почнете да ја виткате сармата, притоа ставете ја во тенџере или тавче во кое ќе се пече.

Полијте ја со една чаша вода, не многу и одозгора поросете со зачини кои ги сакате, бибер, сол, црвен пипер… и ставете ја во рерна. Печете во рерна на 200 степени Ц околу 1 час и десетина минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!