САРАЛИЈА: Нема да можете да одолеете на овој вкус, па затоа репете е загарантирано!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкус и мирис чиста десетка. Нема подобар десерт од овој.

Саралија е вид на валана баница со ореви и сируп, слична на баклавата.

Реклама

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 125 гр путер,
  • 20 гр од квасец
  • 1 кг брашно

За полнење:

  • 500 гр Ореви
  • 200 гр Шеќер
  • цимет по вкус

За сирупот:

Реклама
  • 1 литар вода
  • 1 кг на шеќер

Подготовка:

Квасецот се раствора во млекото, се додава сол, шеќер и брашно. Смесата се замесува во меко тесто. Поделете го на два дела. Оставете малку да отстои па расукајте слој со дебелина од околу 5 мм.

Намачкајте го слојот со растопен путер и посипете со филот од ореви, цимет и шеќер. Свиткајте во ролат и исечете ги на дебели кришки од 6-7 мм. На ист начин подгответе го вториот слој.

Ставете ги во подмачкана тава за печење и оставете ги да нараснат околу 40 минути. Печете додека не поруменат, во умерено загреана рерна на 200 степени Ц. Откако ќе се излади, готовата „саралија“ се прелива со зовриениот сируп.

- Advertisement -

За подготовка на овој сируп, шеќерот и водата се варат 5 минути, бидејќи течноста треба да ја добие потребната густина. Прелијте ја саралијата, почекајте одредено време додека да впие од сирупот и сладењето може да започне.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -