САМО МЕШАЈТЕ ГИ СОСТОЈКИТЕ И ПЕЧЕТЕ: Омлет со бајат леб – готов за 15 минути!

Вреди да се проба:

Реклама

Брзо и лесно направете вкусен појадок кој ќе го обожава целото семејство.

Доколку немате премногу време наутро, а сакате да јадете нешто вкусно и здраво, овој рецепт е идеален за вас, бидејќи се подготвува многу брзо. За љубителите на омлет, ви носиме рецепт кој за кратко време е на вашата трпеза, а е погоден и за појадок и за вечера.

Реклама

Состојки:

  • 1 цело јајце
  • 125 мл млеко
  • 3 парчиња леб
  • 20 грама кромид
  • 15 грама рендан морков
  • 14 грама рендана зелка
  • 32 грама сечкани домати
  • лук
  • сол
  • бибер
  • мелена пиперка

За сосот:

  • 30 гр мајонез
  • 30 гр кечап

Подготовка:

Лебот се сече на коцки, се додава јајцето и млекото, се додава кромидот, морковот, зелката и доматот, ситно сечканиот магдонос и лукот, па се зачинува по вкус. Добро соединете ги сите состојки.

Реклама

Во загреана тава растопете малку путер и додадете ја подготвената смеса. Се пече околу 4-5 минути додека не добие кафеава кора на 250 степени.

Потоа превртете го во чинија и повторете го процесот на печење. Во помал сад сипете мајонез и кечап и се убаво измешајте за да добиете совршено вкусен сос.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -