Салата СЕДМО НЕБО, рапсодија на вкусови: Најубавата салата од тестенини што некогаш сте ја пробале!

Вреди да се проба:

Реклама

Се состои од многу зеленчук и една состојка му дава прекрасен, освежителен вкус. Оваа салата со тестенини се прави многу брзо и лесно, и е одлична како прилог на главното јадење, и како оброк салата.

Состојки:

  • 400 гр тестенини
  • 1 главица пурпурен кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 3-4 кисели краставички
  • 1 чаша слатка пченка
  • 1 чаша јогурт од 180 гр
  • сол
  • 150-200 гр сирење фета
  • 2 варени јајца
  • магдонос
  • бибер

Подготовка:

Во тенџере ставете вода да се загрее и посолете ја водата. Исецкајте ги кромидот и морковот на потенки парчиња. Потоа исецкајте ги и киселите краставички.

Реклама

Во врелата вода ставете да се варат тестенините и морковот за да омекне малку. Кога ќе биде готова, исплакнете со ладна вода и процедете.

Ставете ги тестенините во голем сад, додајте ги краставичките и кромидот и промешајте. Потоа додадете ја пченката, изгмечен лук, јогуртот, сирење фета и повторно измешајте.

Реклама

Зачинете со сол и бибер по вкус. Одозгора на салата ставете ги варените јајца исечени во форма по желба и наросете со магдонос.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -