Салата од рендани моркови – Вкусна и богата со многу витамини!

Вреди да се проба:

Вкусна салата богата со многу витамини. Се подготвува многу лесно и едноставно. Изрендајте морковии и спремете „дресинг“ кој ќе и даде посебен шмек. Одлична е во комбинација со чашка добра домашна ракија.

Состојки:

  • 300-400 г моркови
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица сок од лимон
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка мед
  • малку сол, црн пипер
  • малку свеж магдонос

Подготовка:

Морковот добро измијте го, излупете го и изрендајте го.

- Advertisement -

Во поголем сад, измешајте го сенфот заедно со лимонот и маслиново масло. Додадете мед и зачинете. Магдоносот ситно исечкајте го.

Добро измешајте го добиениот дресинг заедно со ренданиот морков и послужете ја салатата.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!