Реклама
Салатата од пиперка со овчо сирење е одлично мезе или додаток на ручекот.




Состојки:
- 2 поголеми печени црвени пиперки
- 3 чешниња лук
- 200 гр овчо сирење
- 1 сува лута пиперка
- 3 лажици масло
- сол по вкус
Подготовка:
Печените пиперки излупете ги па исецкајте ги ги ситно. Лутата сува пиперка ситно исечкајте ја исто така.
Реклама




Сирењето издробете го со вилушка, а потоа додадете ги пиперките и ситно сецканиот лук. Додадете масло по вкус и измешајте се убаво.
Пред сервирање, ставете во фрижидер да се олади малку.
Реклама




Оваа салата е одлично мезе пред ручек а и одличен додаток на ручекот.
Добар апетит!