Салата од печурки и пченка: Многу е едноставна и одлична е како додаток на трпезата!

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа салата се прави брзо, многу е едноставна и одлична е како додаток на трпезата, одлично оди со секое печење.

Најчесто се подготвува за разни прослави со руска салата и кисели краставички.

Реклама

Состојки:

  • 600 гр свежи печурки
  • 200 гр слатка пченка
  • 6 лажици масло
  • 1 лажица сув зачин
  • 400 гр кисела павлака
  • 200 гр мајонез
  • една лажичка сув зачин
  • една лажичка сушен лист од магдонос

Подготовка:

Шампињоните исечкајте ги на листови, додадете масло и зачин и ставете на оган. Шампињоните ќе испуштат вода штом ќе се загреат, па нема потреба да додавате вода. Варете ги додека не испари целата вода и малку се запржат на масло. Сето тоа трае околу 10-15 минути.

Во меѓувреме во друг сад ставете ја пченката да се свари. Оставете ги шампињоните да се изладат, почекајте да се свари пченката и поминете низ ладна вода, па оставете да се излади и исцедете.

Реклама

Во меѓувреме измешајте ги павлаката, мајонезот, сувите зачини и магдоносот. Во пченката додадете печурки и мајонез и се соединете со лажица. Оставете да се излади во фрижидер, а потоа послужете но пред послужување оставете ја салатата да отстои на собна температура околу 10 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -