Идеална за пост, но и за топлите летни денови.




Состојки:
- 3 средни компири
- 1 поголем струк од праз
- 200 гр посен мајонез
- малку бибер и сол
Подготовка:




Компирите сварете ги со кората, изладете ги, па излупете ги и исечете ги на помали коцки.




- Advertisement -
Празот исто така исечкајте го на ситни парчиња, посолете и изгмечете малку со раце за да се омекне. Измешајте ги компирите и празот со мајонез, бибер по вкус и толку.




Уживајте, оваа салата е навистина извонредно вкусна!