Реклама
Рецепт за салата која лесно се подготвува.




Поради високата содржина на витамини од групата Б, калиум и железо, цвеклото е класифицирано како најздрав зеленчук. Единствена мана е што полека се готви, треба долго да омекне, но поради сите предности за телото вреди да се чека. Одличен е за подобрување на крвната слика.
Реклама




Состојки:
- 500 гр свежо цвекло
- неколку лажици масло
- 1 лажица вински оцет
- 1 лажица семки (сончоглед, тиква или други семки)
- сол, бибер
Подготовка:




Гответе го цвеклото додека не омекне. Кога ќе се излади, излупете го и исечете го на прстени. Додадете ги другите состојки, измешајте и ставете во фрижидер. По желба наместо семки можете да додадете лук во салатата.




Пријатно!