ПОЛНЕТИ МОДРИ ПАТЛИЏАНИ: Совршен ручек за посни денови!

Вреди да се проба:

Вистинските посни оброци се неверојатно здрави и избалансирани.

Состојки:

  • 1 праз
  • 1 кромид
  • 3-4 модри патлиџани
  • 100 гр ориз
  • маслиново масло
  • 50 гр суво грозје
  • 200 мл вода
  • сол и бибер
  • 6 лажици доматно пире

Подготовка:

Исечете го модриот патлиџан на половина, извадете ја средината, намастете со масло и ставете го во рерна на 200 степени – 20 минути.

- Advertisement -

Запржете кромид и праз, додадете ја средината од модриот патлиџан, оставете да врие 15 минути. Ставете суво грозје, ориз, сол, бибер и истурете вода. Гответе 20 минути.

Извадете го модриот патлиџан од рерната, наполнете го со фил, одозгора ставете го доматното пире и печете го во рерна 20 минути – 200 С.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!