Ручек за сто мераци: Пилешки батаци со ароматична коричка! 

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку немате идеја што да направите за ручек, ова вкусно пилешко е одлично решение.

Состојки:

  • 10 пилешки батаци
  • 2 чаши лебни трошки
  • 100 гр пармезан
  • 4 лажици магдонос
  • 2 лажички слатка црвена пиперка
  • 2 лажички лук во гранули
  • 1 лажичка суво оригано
  • 2 лажички сол
  • 3 лажици сенф
  • 200 грама путер
  • бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени  и со путер премачкајте ја тавата во која ќе ги печете батаците.

Реклама

Во посебен сад измешајте ги лебните трошки, ситно рендан пармезан, ситно сечканиот магдонос, ориганото, слатката пиперка и лукот во гранули. Додадете бибер, и се добро измешајте.

Во сад растопете го путерот, додадете го сенфот и се убаво измешајте. Премачкајте ги батаците со мешавина од сенф и путер, а потоа виткајте ги во смесата од лебни трошки и другите состојки.

Реклама

Наредете ги батаците во сад за печење и печете ги околу еден час или додека не поруменат. Одлично одат со ладно пивце.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -