РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Убедливо најдобриот грав за постот!

Вреди да се проба:

Реклама

Постите започнаа, па затоа ви пренесуваме рецепт за посен грав.

Состојки:

  • 500 гр бел грав
  • 2 моркови
  • на врвот на нож сода бикарбона
  • сув билен зачин
  • 6-7 глави кромид
  • 1,5 супени лажици пипер
  • 1 лажичка пиперка
  • 3 листови лорбер

Подготовка:

Измијте го гравот, ставете го во тенџере и прелијте го со вода. Оставете го преку ноќ.
Следниот ден се цеди водата и се прелива со друга вода,се додава и содата бикарбона и исчистениот и сечкан морков и се става да се свари.

Реклама

Сварениот грав зачинете го со суви билни зачини по желба. Излупете го кромидот и исечкајте го на сецко, па пржете го на малку масло додека не стане стаклест.

Истурете го пропржениот кромид во садот за печење, посипете со пиперка, бибер, додадете го ловоровиот лист, а потоа додадете го сварениот грав.

Реклама

Сето убаво измешајте го и ставете го во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 1 час.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -