Телешкото месо е едно од најубавите и најквалитетните месо што може да се најде кај нас.




Начинот на подготовка на телешкото треба да одговара на самото месо, што значи лесно и рафинирано.
Состојки:
- 150 гр ориз
- 1 црвен кромид
- 3 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 1 зелена тиквичка
- 1 лажица путер
- сол
- свежо мелен бибер
- 800 гр телешко
- 1 лимон
- 2 лажици сончогледово масло
- 1 лажица путер
Подготовка:




Излупете го лимонот со нож за компири, исечете го на мали кругчиња и сварете го во малку вода за да се отстрани горчината и да се остави вкусот.




Кромидот и лукот се сечкаат ситно и се пржат на малку маслиново масло, се додава оризот, се динста неколку минути и се додава средишниот дел од тиквичката исечкана на ситни коцки. Се додава малку вода за да се динста малку додека да омекне оризот како рижото. На крајот додадете му една лажица путер за да стане кремасто.




Месото се сече на шницли, се зачинува со сол и бибер и се пржи во тавче, се додава кората од лимон, се покрива со капак и се динста додека месото не е готово. На крај додадете една лажица путер и послужете со оризот.




Пријатно!