Време е за топол и вкусен оброк
Состојки:
- 6-7 јајца
- 2 дцл млеко
- 2 дцл јогурт
- Сол, бибер, прашок за пециво
- 5 лажици пченкарно или интегрално брашно
- 250 грама кромид
- 4 пиперки
- 100 грама сирење
- 30 грама путер
Подготовка:
Измешајте ги јајцата, млекото, јогуртот и зачините во изедначена смеса. Додадете сецкан кромид, пиперка, ситно сирење и путер.
- Advertisement -
Измешајте и додадете го пченкарното брашно и прашокот за пециво. Ставете ја целата смеса во премачкан плех со маргарин и печете околу 25 минути во загреана рерна на 200 степени Ц. Послужете топло јадење!
Пријатно!