Пилешката чорба е едно од омилените јадења а се прави многу лесно.




Оригиналниот рецепт, како што велат искусните домаќинки, наследен од нашите баби, се прави со батаци и карабатаци, а модерните готвачи за ова често користат пилешко бело месо за чорба.




Состојки:
- 3 батаци со карабатак
- 5 поголеми компири
- 1 кромид
- 2 моркови
- Магдонос
- 1 парче целер
- 4 чешниња лук
- 150 мл пире од домати
- 2 ловорови листови
- малку масло
- 1 литар вода
- Сол, бибер
- Црвен пипер
Подготовка:




Излупете го и исечете го на парчиња кромидот и целерот исечкајте го на коцки, морковите на прстени, а компирите на четвртини или шестини. Одделете ги батаците и карабатаците ако сте ги купиле заедно и посолете.




Умерено загрејте го маслото и додадете го кромидот, кратко продинстајте ги, додадете ги морковот, сечканиот магдонос, целерот, месото и компирот, па истурете во водата да кисне. Гответе на средна топлина, повремено мешајќи.




Додека јадењето се готви, задолжително покријте го но да остане малку отворено.
По 35 минути додадете ги пасираните домати, мелената пиперка, ситно сечканиот лук, ловоровиот лист и зачините.




Гответе уште 10 минути, а потоа исклучете го огнот, одозгора додадете сечкан магдонос и оставете уште 5 минути на загреаната рингла.
Пријатно!